Вести Македонија Топ вести

Затворски казни за двајца професори од Економскиот факултет – барале пари и секс за на студентките да им напишат преодна оценка

Професорите на Економскиот факултет во Скопје, Бобек Шуклев и Славе Ристевски добија затворски казни од 4 ипол и 4 години во случајот Еразмус.  Обвинети се затоа што барале пари и секс од студентките за да им пишат преодна оценка. Посредник бил демонстраторот Драган Денковски, кој доби условна казна од две години, ако следните 5 години не го повтори делото.

Според обвинението, во текот на 2016 година, обвинетот Шуклев побарал 1.000 евра од една студентка за да положи 2 испити, иако студентката на еден испит не покажала знаење, а другиот предмет не го пријавила, ниту полагала. Побарал од студентка и секс, да дојде на 3.6 во 7 наутро, кога никој немало на факултет, или студентката да размисли дали сака во кола или во стан. И кажал дека вкупно ќе помогне за 6 предмети. Побарал и секс услуга и 700 евра во индексот. За професорот Драги Јанев побарал да донесе пари. Професорот Славе Ристески добил од 2 студенти 1000 евра и им напишал оценка 6 иако листовите на испитот ги дале празни. Откако сведокот Дејан Трајковиќ ги земал двата индекси со по 500 евра, побарал и бланко пријави за испит. Во текот на 2015 и 2016, обвинетиот Драган Денковски им помагал на професорите“ кажа судијката Јанчулева Михаиловска читајќи ја пресудата.

Оваа пресуда ја донесе судијката Фанка Јанчулева Михаилоска на второто судење за предметот „Еразмус“, бидејќи во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација, кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев. И професорите и демонстраторот добија забрана за вршење дејност во рок од 5 години, а времето поминато во затвор ќе им биде засметано во казната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе