Вести Македонија

Со европски пари ќе се крпат долговите во ЕСМ и ќе се купува струја- во име на зелената енергетска агенда

100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој  како заем треба да помогнат на државата да се справи со проблемите со струја без да смее да ги користи во производтсво на енергија од фосилни горива, како што се јаглен, нафта и мазут. Повеќе од половината пари или 55 милиони евра ќе се потрошат за увоз на еколошки произведена струја. 24 милиони евра ќе се дадат за враќање на стари кредити, додека над 20 милиони евра се наменети за плати и основни трошоци кои не смеат да се потрошат за производство на струја во РЕК Битола, Тец Неготино или за купување на струја од ТЕТО. Македонија инаку најголем дел од струјата произведува токму од фосилни горива, а дополнително е зависна и од увоз на струја, како што наведува и ЕБОР во своето соопштение.

Северна Македонија е значително зависна од увоз на енергија и имаше проблеми заради цените на енергија кои неконтролирано растеа, како и од нивото на инфлација кое беше без преседан. Како последица на овие текови, ЕСМ се соочува со голем јаз во ликвидноста на работењето на компанијата. Кредитот на ЕБОР ќе помогне во справување со потребите на ликвидноста на ЕСМ, намалување на отпорноста кон дополнителната поддршка на Владата, и овозможува компанијата за има финансиски обрт за поддршка на инвестицискиот план на капиталот, СООПШТЕНИЕ НА ЕБОР ЗА ЗАЕМОТ НА ЕСМ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА

На денешното потпишување на договорот, претставничката на ЕБОР беше поблага- ви зајмуваме за да ги намалиме издатоците на државата, а министерот за финансии протолкува дека парите всушност ќе бидат за зелена енергија, додека првиот човек на ЕСМ вети дека 100-те милиони евра ќе бидат трошени како што е предвидено.

„Овој заем ќе и помогне на ЕСМ да ја одржи својата финансиска отпорност, да ги подобри своите финансиски резултати и да нуди важни услуги на пазарот на електрична енергија во овој важен период“, изјави Шарлот Руе, директорка на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа

„Средствата од ЕБОР ќе се користат за тековнио работење на АД ЕСМ и ќе се обврземе дека овие средства ќе ги користиме наменски, одговорно и домаќински, за проекти поврзани со зелената агенда“, рече Васко Стефанов, директор на ЕСМ

Од опозицијата пак обвинуваат дека владеачката коалиција го донесе ЕСМ пред колапс и тврдат дека иако забрането за фосилни извори, овие пари ќе се користат токму за тоа односно за ископ.

„ Не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не“, рече Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна, директорот на ЕСМ потврди дека е увезувана струја поради зголемена потрошувачка предизвикана од топлото време и климатизацијата на струја. Стефанов тврди дека зимата ќе биде произведено доволно струја, затоа што ремонтите на капацитетите ќе завршат до септември и ќе се вклучат во системот.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Одржана хуманитарна изложба со миленичиња, собраните средства наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе