Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа и особено на југоистокот ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Информации од ова утро: 2.6.2023
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
13 Прилеп, 12 Претор, 2 Маврови Анови, 1 Берово, Лазарополе
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови со појава на пороен дожд во делови од котлината со процеси во вид на краткотрајно невреме со услови за изолирана појава на град.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
