Спорт Тенис

Ѓорческа пријавена за настап на турнирот во Куршумлиска бања

Од следната недела Куршумлиска бања ќе биде домаќин на ИТФ турнир во женска конкуренција што ќе се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Македонската тенисерка ги продолжува учествата на турнирите кои се одлична подготовка пред настапот во дресот на македонската репрезентација во Били Џинг Купот што ќе се одржи во Скопје на почетокот од јули и ќе се обиде да избори место во втората европска група од ова натпреварување.

Според пласманот на ВТА листата, Ѓорческа најверојатно ќе биде поставена за втора носителка, а пред неа е само Ипек Оз од Турција.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе