Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладнвните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмотевици, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ова особено се однесува на централните и источните делови од земјата каде процесите ќе бидат поинтезивни.Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo