На турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Мадрид најголемото изненадување во денешната програма го направи 121-от тенисер на светот, Алсан Карацев.
Рускиот играч во меч што траеше 108 минути во два сета со 7:6 и 6:4 триумфираше над вториот носител Данил Медведев.
Светскиот рекет број 2, Карлос Алкараз за еден час и 23 минути игра го елиминираше Александер Зверев совладувајќи го со 6:1 и 6:2.
Противник на Алкараз во четвртфиналето ќе му биде Карен Хачанов кој беше поуспешен од сонародникот Андреј Рубљов кој е поставен за петти фаворит на турнирот во шпанската престолнина.
Настапот во Мадрид сосема неочекувано го заврши и домашниот тенисер Хауме Мунар кој во дуелот против среќниот губитник Даниел Алтмаер е совладан со 6:3 и 6:0.
ФОТО: Игор Паневски