Вести Македонија Топ вести

Владика Петар: Вселенската патријаршија бара ерга омнес за името МПЦ-ОА

Едно име за севкупна употреба- владиката Петар во синоќешната Топ Тема нагласи дека Вселенската Патријашија го условува прогласувањето на македонската православна црква –охридска архиепископија со Ерга Омнес и никаква изведба на името Македонија и македонска.

Ова е согласно одлуката  на Вселенската патријашија за воспоставување на евхаристиско единство со МПЦ-ОА  но уште во соопштението на Синодот на Вселенската патријашија е видливо дека претходно МПЦ –ОА во текот на дипломатските активности за заедничко сослужување со патријашијата го прифатила името Охридска Архиепископија.

Во тоа соопштение прецизно стои  дека Вселенската Патријашија го признава името Охрид како име на оваа црква (сфатена како регион на нејзина јурисдикција исклучиво во границите на територијата на државата Северна Македонија) како што писмено и вети на Вселенската патријашија нејзиниот примат-нагласено е во третата точка од  коминикето на Вселенската патрирјашија од девети Мај минатата година.

Владиката Тимотеј денеска изјави дека за името нема да се разговара на Синодските седници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе