Спорт Тенис

Ѓоковиќ добро се намачи со тинејџер од Франција на турнирот во Бања Лука (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ откако испадна многу рано на мастерсот во Монте Карло, сезоната на земјена подлога реши да ја продолжи во Бања Лука на турнирот од серијата 250. Денеска во осминафиналето Србинот мораше добро да се помачи и да го елиминира 18-годишниот ривал од Франција.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет, а имаше проблеми и во следните два, но на крајот го совлада Лука ван Еш со 6-7, 6-3 и 6-2 во меч што траеше 2:42 часа. Во четвртфиналето, Србинот ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу сонародникот Душан Лајовиќ и Грегоа Барере. На останатите мечеви денеска, Ласло Џере во три сета го победи Борна Чориќ, Дамир Џумхур на Лиам Броади му препушти само три гема во меч од првата рунда. Јири Лехечка го победи ветеранот Гаел Монфилс, додека Алекс Молчан беше подобар од Алексеи Попирин во три сета за место во четвртфиналето.

На турнирот во Барселона од серијата 500, вториот фаворит Стефанос Циципас тргна со победа против Педро Качин со 6-4 и 6-2. Во осминафиналето Гркот ќе игра со Денис Шаповалов, кој денеска во два сета беше подобар од Јозеф Ковалик. Четтвртиот носител Јаник Синер со 6-2 и 6-4 беше подобар од Диего Шварцман, а пласман во третата рунда остварија и Камерон Нори, Лоренцо Музети, Алекс де Минор и Григор Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе