Вести Економија Најважни

Опозицијата обвинува дека дивизија од правници преговарала со фирма за долна облека

Ќе можат ли „Бехтел и Енка“ да копаат и експлоатираат минерални суровини каде сакаат и кога сакаат? Опозицијата вели – да, мнозинството негира. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат со амандмани да ги спречат измените на законот, со кои се скратуваат процедурите за добивање на концесии на две недели од поднесување на барањето и се дозволува експлоатација на минерални суровини и шест месеци по завршувањето на изградбата на автопатите.

Мнозинството тврди дека сепак ќе има заштитни механизми.

Предлагачите на измените, пратениците од ДУИ, овој проект го претставуваат како национален проект на Албанците и обвинуваат дека, токму затоа опозицијата е против.

За опозицијата ова е неприфатлива замена на тези. Ги потсетија ДУИ дека проектот не е само на Албанците, туку е стратешки проект на цела Македонија, а автопатите ќе ги користат сите.

Овој закон е еден од осумте спорни закони кои треба да се изменат со образложение дека ќе ја забрзаат изградбата на автопатите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Кацарска по неколкуте напади: Не се чувствувам безбедно- Обвинителството го истражува последниот напад, а осомничениот имал и „ФБ листа за одговорност“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе