Спорт Тенис

Медведев го елиминираше Зверев, а Оже-Алиасим спаси шест меч топки за место во четвртфиналето во Индијан Велс

Познати се четвртфиналните двојки на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс. На машкиот дел од турнирот немаше поголеми изненадувања, додека кај тенисерките турнирот заврши третата и петтата носителка.

Во најинтересната пресметка од осминафиналето, Данил Медведев во три сета го совлада Александер Зверев со 6-7, 7-6 и 7-5. Рускиот тенисер сега е во низа од 17 победи по ред и во четвртфиналето ќе се соочи со Алехандро Давидович Фокина, кој пак во два сета беше подобар од Кристијан Гарин.

Првиот фаворит Карлос Алкараз не одигра цел меч против Џек Дрејпер, кој се повлече поради повреда откако Шпанецот го доби првиот сет со 6-2, а во вториот веќе водеше со 2-0. Во четвртфиналето Алкараз ќе игра со Феликс Оже Алиасим. Канаѓанецот спаси дури шест меч топки против Томи Пол за на крајот да слави со 3-6, 6-3 и 7-6.

Камерон Нори го изненади Андреј Рубљов и во следната рунда ќе игра против Франсес Тиафо, а Јаник Синер по победата во два сета против Станислас Вавринка следен ривал ќе му биде Тејлор Фриц, кој го победи Мартон Фучович.

На женскиот дел од турнирот, првата фаворитка Ига Швјонтек ја победи Ема Радукану со 6-3 и 6-1. Следна противничка на тенисерката од Полска е Сорана Кирстеа, која ја елиминираше петтата носителка Каролин Гарсија во три сета.

Петра Квитова спаси четири меч топки за да ја победи третата фаворитка Џесика Пегула во три сета. Тенисерката од Чешка во чевртфиналето ќе игра со Марија Сакари, која беше подобра од Каролина Плишкова. Останатите четвртфинални двојки се Каролина Мухова против Елена Рибакина и Кого Гоф против втората носителка Арина Сабаленка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе