Спорт Тенис

Циципас елиминиран во Индијан Велс, второ коло за Руд и Медведев

Осумдесет и седмиот тенисер на светот, Џордан Томпсон од Австралија го направи најголемото изненадување на првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.

Томпсон по голема борба во меч што траеше два часа и 40 минути во три сета со 7:6, 4:6 и 7:6 го совлада вториот фаворит Стефанос Циципас.

Место во следната рунда обезбеди третиот носител Каспер Руд по победата над Диего Шварцман, а турнирот го продолжува и носителот број 5, Данил Медведев по триумфот над Брендон Накашима.

Британецот, Камерон Нори славеше над Тунг Лин Ву од Тајван, Александер Зверев триумфираше во соочувањето со Педро Качин, а Крен Хачанов беше поуспешен од Оскар Оте.

Настапот во Индијан Велс го продолжуваат уште Франсис Тијафо, Алехандро Давидович Фокина, Таро Даниел и Иго Имбер.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе