Спорт Тенис

Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Буенос Аирес

Вториот тенисер на светот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Буенос Аирес.

Шпанецот славеше со 6:4 и 6:2 во мечот против Душан Лајовиќ од Србија и ја забележа втората победа во новата сезона откако на стартот поради повреда го пропушти учеството на првиот Гренд слем во Австралија.

Противник во полуфиналето ќе му биде сонародникот Бернабе Запата Миралес кој по голема борба во три сета со 6:3, 6:7 и 6:3 го елиминираше петтиот фаворит, Франциско Черундоло од Аргентина.

Во второто полуфинале ќе се соочат Камерон Нори и Перуанецот, Хуан Пабло Вариљас.

Британецот со 5:7, 6:0 и 6:3 го елиминираше домашниот тенисер Томас Мартин Ечевери додека Вариљас беше поуспешен од Лоренцо Мусети.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе