Вести Економија Најважни

Без антикризни мерки, компаниите од јануари ќе мора да почнат со отпуштања

Процесот на рестуктуирање во компаниите веќе е започнат  поради економско енергетскатакриза и ценовиот шок и доколку Владата не настапи со антикризни мерки и помош за стопанството, компаниите од почетокот на идната година ќе мора да почнат со отпуштања на вработените. Стпанската комора деновиве направи анкета меѓу компаниите члекнки а одговорот е дека до крајот на годинава можат да издржат но веќе од јануари, ако не,ма владина помош ќе мора да почнат со отпушања и бројот на вработени би се редуцирал за 30 до 50 отсто.

Бизнис секторот е подготвен да почека уште една недела на антикризните мерки на Владата, иако рокот кој прбично го дадоа беше 28 септември, и очекуваат со нив да се помогне ако не на сите барем на поголем дел од комапниите и клучното да има предвидливост во цените на струјата и енергенсите во наредниот период а со тоа и да ја задржат конкуѕрентноста на домашниото и странскиот пазар.

На вчерашниот состанок на Економскиот совет биле повторени барањата на Комората кои се формулирани уште во септември минатата година а тоа се субвенции на цената на струјата за индустријата, намалување на ДДВ  за струја на 5 отсто, максимизирање на државното произвдоство и вишоците од струја да се понудат на индустоирјата по произвдона цена и правна рамка преку која компаниите би можеле да ги раскинат постојните договори за снабдување со електрична енергија и да склучат нови со ЕСМ.

Во Стопанската Комора веќе две недели функционира кризен штаб  и целиот апарат на Комората е ставен во функција на компаниите за поддршка и премостување на сите проблеми.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе