Процесот на рестуктуирање во компаниите веќе е започнат поради економско енергетскатакриза и ценовиот шок и доколку Владата не настапи со антикризни мерки и помош за стопанството, компаниите од почетокот на идната година ќе мора да почнат со отпуштања на вработените. Стпанската комора деновиве направи анкета меѓу компаниите члекнки а одговорот е дека до крајот на годинава можат да издржат но веќе од јануари, ако не,ма владина помош ќе мора да почнат со отпушања и бројот на вработени би се редуцирал за 30 до 50 отсто.
Бизнис секторот е подготвен да почека уште една недела на антикризните мерки на Владата, иако рокот кој прбично го дадоа беше 28 септември, и очекуваат со нив да се помогне ако не на сите барем на поголем дел од комапниите и клучното да има предвидливост во цените на струјата и енергенсите во наредниот период а со тоа и да ја задржат конкуѕрентноста на домашниото и странскиот пазар.
На вчерашниот состанок на Економскиот совет биле повторени барањата на Комората кои се формулирани уште во септември минатата година а тоа се субвенции на цената на струјата за индустријата, намалување на ДДВ за струја на 5 отсто, максимизирање на државното произвдоство и вишоците од струја да се понудат на индустоирјата по произвдона цена и правна рамка преку која компаниите би можеле да ги раскинат постојните договори за снабдување со електрична енергија и да склучат нови со ЕСМ.
Во Стопанската Комора веќе две недели функционира кризен штаб и целиот апарат на Комората е ставен во функција на компаниите за поддршка и премостување на сите проблеми.
Огнен Чанчаревиќ
