Вести Економија Топ вести

Во очекување на нови антикризни мерки за ценовниот шок – економскиот совет на владата се состанува напладне

Владата за напладне ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар.
Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.

  • Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите, истакна Ковачевски.

Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

  • Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар.

Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитеите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе