Вести Економија Македонија Топ вести

Адора инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи, ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, се вели во соопштението на компанијата.

„Адора Инженеринг, во интерес на граѓаните, склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво“, посочуваат од Адора инженеринг.

Адора Инженеринг, се додава во дописот, со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе