Вести Македонија Топ вести

Национална дебата за улогата на собранието во процесот на пристапување на ЕУ

Реформската агенда е уште еден индикатор дека оваа влада не работи ништо, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче на Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување на ЕУ.

Во текот на 2025 година десетина закони требаше да се донесат во сферата на правосудството а донесен беше само еден, рече Филипче кој е и претседател на националниот совет на евроинтеграции.

За жал, вистината е разочарувачка. Немојте ништо да очекувате од европскиот пат. Ама буквално ништо. И тоа не го кажувам јас, тоа го кажува премиерот Христијан Мицкоски. Човекот вика дека, ако треба, децении ќе чекаме за Европа. Што можеме да очекуваме после таква експлицитна изјава во јавноста дека оваа влада нема да направи ниту еден чекор кон Европа? Додека не се смени мислењето на оваа влада, а мислењето нема да се смени – и апропо тоа, додека не се смени владата – ние нема да направиме никаков чекор напред кон Европската Унија, рече филипче.

Стратегијата на претходната Влада за евроинтеграцииите не доведе до ќорсокак а оваа влада се труди да ги исправи штетите рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова . Смета дека и опозицијата треба да застане до власта во ставот за уставните измени.

Се трудиме да ја разубедиме нашата опозиција дека треба да изградат став со кој би застанале покрај нас да не донесеме уставни измени затоа што билателаните прашања не смеат да ни стојат на патот кон Европската Унија. Ние ќе продолжиме да работиме, да ги исполнуваме нашите задачи, но ќе оставиме решението со Бугарија да го решаваме во од или за тоа даи маме помош на ЕУ, но мора да потенцирам дека тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат. Затоа повикувам да ја научат лекцијата што им беше порачана од граѓаните на претходните два изборни циклуси дека нивната националната стратегија е погрешна, рече ели панова.

Нема волја за интегрција во ЕУ рече поранешниот министер за надворешни Бујар Османи на дебатата организирана од невладината ЕПИ на која говорниците одговараа прашања од присутните граѓани.

Најавен беше и вицепремиерот и министер за еворпски прашања Беким Сали но тој не присуствуваше.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе