Вести Македонија Топ вести

Гостиварец кој работел во училиште силувал 14 годишно девојче

Поради опасност да го повтори делото – силување дете кое не наполнило 15 години, да влије врз детето жртва, но и поради ризик од бегство, Обвинителството бара да му се одреди притвор на 28 годишен гостиварец.

Осомничениот кој бил вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

Девојчето жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско и извршил обљуба.

Овој месец повторно  ја уценувал да се сретнат, но кога девојчето одбило, тој на социјална мрежа ги објавил експлицитните фотографии и видеа.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштија дека водат истражна постапка за две кривични дела силување дете кое не наполнило 15 години,  како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.

За криивичното дело делото силување затворската казна е најмалку 8 години, а за објавување компромитирачки фотографии затворската казна е од 3 до 10 години.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе