Вести Македонија Најважни

Шестмина во притвор, четворица дома, мерки и за останатите деветмина вмешани во аферата набавка и инјектирање боткос и филери

Повеќе профили на социјалните мрежи кои нудеа естетски зафати со филери и ботокс, а поврзани со осомничени во македонската акција против криминалната група се затворени откако лекарите кои ги раководеа тие профили добија мерки за обезбедување или притвор од скопскиот кривичен суд.

Некои од понудувачите на илегални естетски зафати биле директно поврзани со српски клиники за разубавување од кои земале и купувале филери за измазнување на кожата на лицето.

Обвинителството вчера дека криминалната група во која има и лекари специјалисти, организирано набавувале фалсификувани медицински лекови и медицински помагала и нелегално ги ивезувале од Србија, Кореја и Турција.

Судот, по предлог на обвинителството на сите 19 осомничени им изрече мерки за обезбедување.

Збирно од оваа акција во која предложени беа и мерки на претпазливост, судот на 6 лица им определи ефективен притвор, на 4 куќен притвор и определени се мерки на претпазливост на 9 лица, соопштуваат од кривичен.

Меѓу осомничените има лекари од градската болница 8-ми Септември и од Клиниката за дерматологија, сопственици на приватни ординации, а с акцијата е опфатен и цариник кој овозможувал и помагал при нелегалниот увоз на филери и ботокс инекции кои подоцна се употребувале.

Блиски луѓе на осомничените пак ги чувале медицинските препарати во своите домови поради што се опфатени со истрагата за помагање.

Истрагата е отворена за кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“, а истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе