Вести Македонија

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот, но не знаете никогаш кога може да пукне

Во споредба со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија има најдобро поставен и функционален систем за спречување на радикализација, оцени националниот координатор за  спречување на насилен екстремизам и тероризам  Павле Трајанов. Тој нагласи дека системот постојано се надградува и се темели на координација меѓу голем број институции и организации.

„Генерално гледано, ако споредуваме со другите држави од Западен Балкан, Македонија има најдобро поставен систем кој е во функција на спречување на радикализација“, изјави Трајанов.

Според него, во процесот се вклучени околу 22 институции, меѓу кои Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Министерството за одбрана, Министерството за правда, Управата за извршување на санкции, како и други надлежни тела, а дополнително учествуваат и околу 20 невладини организации.

„Не е гломазно 22 институции да се координираат во пристапот за спречување на радикализација, а дополнително се вклучени и 20 невладини организации“, истакна тој.

Трајанов посочи дека Европската Унија има значајна улога преку стратегии и патокази кои ги следат и земјите од регионот, при што Македонија, како што рече, е меѓу поактивните. Тој додаде дека превенцијата зависи од повеќе фактори – од семејството, образованието и социјалната средина, па сè до институционалниот одговор.

„Македонија во овој период и подолго беше средно загрозена, а сега сме најмалку загрозени во целина, но тука треба да се внимава, бидејќи оценките можат многу брзо да се променат. Никогаш не знаете кога може да пукне“, предупреди Трајанов.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе