Вести Македонија

СЕММ и Советот на честа при ЗНМ: Довербата на јавноста се гради врз етика, а се губи со сензационализам

Прикажувањето на трагедиите како содржина за кликови претставува нарушување на етичките стандарди во новинарството и отстапување од основните принципи на професијата истакнуваат од СЕММ и Советот на честа при ЗНМ.

Во известувањето за актуелниот судски процес за трагедијата на мајката и детето, и сведочењата за домашното насилство на што биле изложени, дел од медиумите го преминуваат професионалниот праг, објавувајќи и нагласувајќи детали од приватниот живот на жртвите, што не придонесуваат за информирање од јавен интерес.

„Ваквиот пристап се граничи со нарушување на достоинството на засегнатите и придонесува за нивна дополнителна виктимизација.Спoред член 7 од Кодексот на новинарите, новинарот е должен да ја почитува приватноста на личноста, особено во ситуации на лична болка и жалост, додека член 8 од Кодексот налага известување без сензационализам во случаи на семејни трагедии и судски постапки, со почитување на сите инволвирани страни и без сугерирање пресуда. Во оваа насока, неопходно е јасно да се разграничи помеѓу јавниот интерес и заинтересираноста на јавноста“, стои во соопштението. 

Дополнително објавувањето интимни детали, наслови што поттикнуваат сензационалистичка љубопитност, како и овозможувањето дигиталните платформи да се претвораат во простор за морални пресуди и јавен линч, се во директна спротивност со професионалните новинарски стандарди и медиумската одговорност.

„Овој случај дополнително ја потврдува потребата од унапредување и прецизирање на етичките стандарди, вклучително и во насока на засилена заштита на жртвите, ограничување на објавувањето детали од приватниот живот без јасен јавен интерес и поголема одговорност на медиумите за содржините пренесени на социјалните мрежи и коментарите поврзани со нив“, додаваат од СЕММ и Советот на честа при ЗНМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе