Системот „Безбеден град“ во март регистрирал вкупно 26.241 прекршок, објави министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари. Најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, информираат од МВР.
Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување возило, чиј број бележи намалување од 16,7 отсто во однос на минатиот месец. Од нив, 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење од кои 362 за брзина поголема од 80 км./ч. во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км./ч. од сопствено ограничување на возилото и 42 за брзина поголема од 170 км./ч. во ненаселено место.
