Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, откако на претходното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје судот не го прифати неговото делумно признавање вина, оценувајќи дека изјавата не била дадена доброволно.
Обвинетиот првично призна вина за дел од делата, но негираше одговорност за најтешкото обвинение поврзано со наведување и помагање во самоубиство.
Паралелно со судскиот процес, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство поврзани со Јовановски.
Известувањето од Министерство за внатрешни работи веќе е доставено до обвинителството, а надлежен обвинител ќе утврдува дали има основа за кривична одговорност кај службените лица… Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола утврдил пропусти во постапувањето на полицајците по пријавите за семејно насилство.
