Вести Свет Топ вести

Полскиот министер за одбрана до Трамп: Нема НАТО без САД, но и американска моќ без НАТО

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косиниак Камиш порача дека „нема НАТО без САД“ по изјавите на американскикот претседател Доналд Трамп кој ја доведе во прашање посветеноста на Вашингтон кон Алијансата. Тоја ја нагласи важноста на единството, но и возврати дека „нема американска моќ без НАТО“.

Трамп во интервју за Телеграф го опиша НАТО како „хартиен тигар“ и упати критики кон европските сојузници за нивното ограничено учество во војната на Блискиот Исток. Тој во повеќе наврати ги критикуваше европските сојузници, бидејќи не преземаат активна улога на Блискиот Исток, што вклучува и одбивање да испратат воени бродови за помош во повторното отворање на поморските рути низ Ормускиот теснец.

Реагирајќи на изјавите на Трамп, Косиниак Камиш рече дека тие одразуваат тежок момент во кој светот се наоѓа денеска и изрази надеж дека тензиите ќе се смират.

„Нема НАТО без САД, а во наш интерес е да преовлада и мир. Но, исто така, нема ниту американска моќ без НАТО“, изјави Косиниак Камиш, пренесуваат медиумите во Полска.

Голем број на членки на НАТО, меѓутоа, се дистанцираа од војната на Блискиот Исток и повикаа на смирување на тензиите, нагласувајќи ја одбранбената природа на Алијансата, но и изразувајќи загриженост поради законитоста на американско-израелската воздушна кампања.

Тој, исто така, потврди дека Полска нема да испрати свои противвоздушни системи Патриот на Блискиот Исток, по извештаите дека Вашингтон побара нивно распоредување во регионот. Косиниак Камиш истакна дека јакнење на сопствените воени способности на Полска се клучни за целата Алијанса.

„Никој нема да нe брани, ако сами не се одбраниме“, порача тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе