„По 2 март, животот ми застана“ , со овие зборови го започна сведочењето Мартин Саздов, другар на обвинетиот Стојанче Јовановски на кој му се суди за нанесување на телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и за кривичното дело „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“.
Иако биле блиски, Саздов рече дека со текот на годините се оддалечиле, се додека Ивана не му се јавила во август минатата година кога Стојанче ја оставил неа и ќерка и Катја на сред пат во Штип.
- „Беше еден часот навечер, кога ми се јави Ивана со плачење и ме праша дали можам да ги земам од пред Штип, каде Стојанче ги исфрлил и си заминал“, рече Саздов.
Ги нашол скриени зад една бакина. Ивана била цела развлечена, модра, расплакана и искубана. И двете плачеле цело време.
Биле многу потресени зашто Стојанче се разбеснил кога Ивана го згрешила патот, почнал да ја тепа, со клоци ја мавал кога излегла од автомобилот а потоа ги оставил и си заминал. Саздов се присети и дека Катја му го покажувала потпирачот меѓу двете предни седишта каде што Стојанче и ја удирал главата на Ивана.
Ивана и Катја таа ноќ ја поминале кај Мартин дома. Од тогаш тие почнале да излегуваат заедно, но Ивана била постојано во страв зашто многу се плашела од Стојанче. Му велела на Мартин дека Стојанче е псхипат и дека може да ги убие и двајцата.
По инцидентот во Штип, таа поднела барање за развод.
Кога Стојанче дознал дека тие се во врска им се заканувал дека ќе ги убие. „При една расправија кај наш заеднички другар, со неговиот автомобил удри директно во мојата кола“ , сведочеше Саздов.
Тој исто така рече и дека неколкупати се обидувал да му објасни на Стојанче дека ја засакал Ивана, На една од последните средби, пред трагедијата, Стојанче им рекол „правете што сакате“.
Судењето продолжува.
Марија Митевска се јави за Вестите на Телма во 12:30
