Европските министри за надворешни работи ја посетија Украина за да ја одбележат четвртата годишнина од злосторствата во близина на Киев, додека фокусот на САД е насочен кон Блискиот Исток.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави видео-средба со американски претставници и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, посветена на можностите за завршување на руската инвазија.
Зеленски нагласи дека Русија не смее да излезе од конфликтот во подобра позиција – ниту територијално, ниту технолошки, ниту политички – оценувајќи дека тоа е клучно за долгорочен мир во Европа.
Во разговорите ќе учествуваат и американски претставници, но досега не се постигнати значајни резултати по клучните прашања. Меѓувреме, борбите продолжуваат.
Украинските сили извршија нови напади со дронови врз руски нафтени капацитети во Балтичкото Море, обидувајќи се да го намалат приходот на Москва од извоз на енергенси, кој, според Киев, директно ја финансира војната.
