Клучното прашање е кој гради и со какви пари гради, рече Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со изградбата на хотелот „Дивелоп Груп“ во Охрид.
„Клучното прашање тука е како на Сашо Милајков му се легализирани парите за да може да гради хотели, може утре ќе гради и друг хотел. Му се легализираа со одлука на Вилма Русковска која што наводно му наплати 36 милиони евра и другите му ги легализираше. Значи таму нема никакво урбанистичко прекршување. таму нема никаква дивоградба. Мислам дека би било наивно од таков профил на човек да се очекува дека ќе гради дивоградба. Прашањето е зошто се дозволи да се легализираат парите“, истакна Николоски.
С.Д.
