Вести Македонија Најважни

Ристоска ќе остане без „Талир“, откако Савески ги повлече овластувањата за обвинителите

Обвинителката Ленче Ристоска останува без „Талир“. Ова следува по одлуката на државниот обвинител Ненад Савески да ги повлече овластувањата што неговите претходници им ги давале на дел од обвинителите за да можат да работат на предмети од други обвинителства.

Обвинителите од поранешното СЈО, по враќање во матичните обвинителства, со овластувања продолжија да ги работат истите предмети со овластување од државниот обивнител. Ристоска со овластување ги води двата предмета „Талир“ за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и за финансирање на партијата.

Савески на брифингот со новинарите тврдеше дека овој негов потег не е поврзан лично со Ристоска и дека нема политичка позадина, туку во насока да се воведе ред и евиденција. Партијата ВМРО-ДПМНЕ е засегната во предметите „Талир“, а одбраната бараше Ристоска да не биде обвинител.

„Одлуката ја донесов денеска и сè уште не е потпшишана. Ова не е само за Ленче Ристоска. Има многу овластувања, не знам колку се точно. Имаме шеф на обвинителство во Гостивар што постапува по предмет на ОЈО ГОКК. Мораме да имаме јасна слика. Моите одлуки не се политички“, вели државниот обвинител Ненад Савески.

Исклучок Савески ќе направи за обвинителствата во Ресен и во Крива Паланка кои се без обвинители и за големиот предмет за Кочани што се суди во Идризово, а кој го застапуваат 15 обвинители поради сложеноста на предметот и многу докази.

Обвинителката Ивана Трајчева која не доби нов мандат во обвинителството за гонење на организиран криминал нема да добие овластување за да остане на предметите за Кочани поврзани со полицајците. Савески смета дека Трајчева е извонредна обвинителка, но вели дека предметите не треба да се поврзуваат со конкретни обвинители.

„Треба да се даде простор и на други обвинители. Сакам сите да се почувствуваат дека се вреднувани. Не фаворизирам никого. Се согласувам дека на нови обвинители може ќе им биде потешко да се вклучат, но јавнообвинителската функција не е лесна“, додава Савески.

Новиот државен обвинител им одговорил и на адвокатите за предметот за пожарот во „Пулс“, кои бараа ревидирање на обвинението, дека нивната иницијатива не може да биде основ ЈО да преоцени обвинение како во фактичка состојба за тоа е потребна промена на фактичка состојба или нов доказ.

На вчерашната седница на советот гласал дека премиерот Мицкоски не ја нарушил самостојноста на обвинителката Ленче Ристоска, затоа што аргументите на комисијата биле прифатливи за него и рече дека според него обвинителите интегритетот го носат во себе и никој не може да им го земе.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе