Вести Македонија Најважни

Брисел бара европејците да ги скратат патувањата за да се намали потрошувачката на гориво

Европските министри за енергија денеска треба да одржат итен состанок за да разговараат за тоа како да се справат со енерегетската криза. Состанокот е закажан само неколку дена откако шефот за енергетика на ЕУ Ден Јергенсен испратил писмо до националните министри за енергија во кое пишува дека националните влади треба да размислат за „доброволни мерки за заштеда на побарувачката…со посебно внимание на транспортниот сектор“, пишува „Политико“. 

Според  „Политико“,  ова би можело да значи дека владите ќе бараат од граѓаните да возат или да летаат помалку за да заштедат гориво за посуштински цели, како што веќе се случува во некои азиски земји. 

Во своето писмо, Јергенсен исто така пишува дека транспортниот сектор на Европа се соочува со растечки трошоци и недостиг на снабдување поради големата зависност на индустријата од Персискиот Залив, од каде ЕУ увезуваше 40 проценти од горивото за авиони и дизел. 

Земјите-членки треба да се воздржат од преземање мерки што можат да ја зголемат потрошувачката на гориво и да го ограничат слободниот проток на нафтени производи, пишува Јергенсен  и додава дека земјите треба да го земат предвид прекуграничното влијание на националните мерки за да се зачува „кохерентноста на ниво на цела ЕУ“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе