Вести Македонија Најважни

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека е спречен обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Србија.

„Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин „Табановце“ беше спроведена акција во која при детална контрола се откриени над 572.000 необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока“, се наведува во соопштението на АХВ, по акцијата на нејзините инспекциски служби и Одделението за следење на измами со храна, во координација со Царинската управа.

Во едната пратка, како што се додава, пронајдени се 270.000, а во другата 302.400 необележани јајца.

„Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, со што директно се загрозува и угледот и конкурентноста на домашното производство. Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и нештетно е уништена на депонијата Дрисла“, информираат од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство најави соодветни мерки за вклучените субјекти во случајот, како и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе