Вести Свет

(Видео)Во Вермонт 14-годишниот Дин Рој влегува во трка за гувернер иако сè уште нема ниту право на глас

Уште еден тинејџер се кандидира за гувернер на Вермонт, овојпат успевајќи да се најде на гласачкото ливче за општите избори, поттикнувајќи дебата за минималната возраст за политичка функција во сојузната држава.

Кандидатот Дин Рој, кој е на 14-годишна возраст и сè уште не може легално да гласа вели дека неговиот интерес за политика започнал уште во осмо одделение, по посета на државниот Капитол и кратка пракса како законодавен помошник.

„Не очекувам нужно да победам. Она што го очекувам е да го започнам движењето и да добијам повеќе млади луѓе да се вклучат и да кажат: ‘Да, и ние сакаме да направиме промени’“, изјави Рој.

Тој ќе биде првиот кандидат за гувернер под 18 години кој ќе се појави на општите избори во Вермонт, откако ја обезбедил кандидатурата преку сопствена трета партија – Партијата за слобода и единство кој тој ја формирал во 2025 година. Уставот на државата не предвидува минимална возраст за гувернер, туку само бара кандидатот да живее во државата најмалку четири години. Инаку тој има свој вебсајт кадешто има јавно достапни податоци за него, но и политичка програма за тоа како би дејствувал. Активен е ѝ на социјалните мрежи каде ги испраќа политичките пораки до потенцијалните гласачи.

„Не се идентификувам со ниту една од големите партии“, рече Рој, кој како главно политичко прашање го издвојува домувањето и достапноста на станбен простор.

Случајот повторно отвора прашања за уставното толкување и изборните ограничувања, бидејќи повеќето американски држави имаат минимална возраст за гувернер, најчесто 30 години, а во некои случаи и 25.

Поранешниот наставник на Рој, Џејмс Карпентер, го опишува како исклучително љубопитен и посветен ученик. „Тој секогаш беше ангажиран и навистина фокусиран на часовите, поставуваше одлични прашања“, изјави Карпентер, додавајќи дека иако повеќето тинејџери не размислуваат за даноци или здравство, Рој се издвојувал како „стара душа“.

Дебатата околу кандидатурата ја засилува и правното толкување на уставот, при што дел од експертите сметаат дека индиректно постои минимална старосна граница преку изборното право на гласање, кое започнува на 18 години.

 

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе