Вести Македонија Топ вести

Заради семејно насилство лишени од слобода трoјца напаѓачи, а двајца се повикани на службен разговор

Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје, физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа, информираат денеска од МВР.

  • Синоќа во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно.
  • Истиот ден утрото, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише.
  • На 07.03.2026 во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.
  • На 08.03.2026 во 11:35 часот во Пoлициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка, се вели во информацијата од МВР.

Вчера попладнето, пак, во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.

Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе следуваат соодветни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе