Вести Свет

Трамп: Морам да учествува во изборот на нов лидер на Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мора да учествува во изборот на новиот врховен лидер на Иран откако претходниот, Али Хамнеи, беше убиен во нападите на САД и Израел.

Изјавите на иранските претставници укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за главен кандидат.

Коментирајќи ги ваквите движења во земјата во интервју за Аксиос, Трамп рече: „Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак.“ Тој додава дека мора да биде вклучен во процесот како што бил со Делси Родригез во Венецуела. Трамп додаде и дека нема намера да прифати нов ирански лидер кој би ја продолжил политиката на Али Хамнеи, бидејќи, како што рече, тоа би ги принудило САД повторно да војуваат „за неколку години“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе