Полициски службеници од СВР Скопје синоќа 40 минути по полноќ на подрачјето на Кисела Вода лишиле од слобода 55 годишник, поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга и се заканувал на нивните три ќерки, на возраст од 26, 24 и 18 години.
Според пријавеното, тој испукал куршум кој завршил во прозорецот, а потоа се заканувал на две од ќерките и физички ја нападнал 24-годишната девојка.
Насилното однесување го повторувал во повеќе наврати и постојано и се заканувал со пиштолот кон сопругата, но бил спречуван од ќерките. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
- „Според пријавата, на 01.03.2026 година, по претходна расправија дома, тој пукал со пиштол, при што куршумот завршил во прозорецот, по што се упатил кон 24-годишната и 18-годишната девојка, им се заканил и физички ја нападнал 24-годишната девојка. Според извештаите, тој го повторил насилното однесување околу 22:30 часот на 05.03.2026 година, при што повторно ѝ се заканил на сопругата со пиштол, но бил спречен да го употреби од неговите ќерки. Б.С. е задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Министерот Тошковски пак денеска покрај за овој соопши и дека вчера имало уште еден случај на насилство и во тој случај насилникот е во полициска станица.
Според билтенот на МВР на 04.03.2026 во 06:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.В.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка.
Во еден ден две пријави за семејно насилство во полицискиот билтен
Б.С.
