Јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас по информациите во медиумите за утврдени неправилности при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајка и нејзината ќерка во Карпош.
Предметот е проследен на натамошно постапување во Основно јавно обвинителство Скопје, кое ќе треба да ги провери наводите за евентуални пропусти во постапувањето на институциите.
Од обвинителството информираат дека ќе се утврдува дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Телма вчера објави дека Стојанче Јовановски останува во притвор дополнителни 48 часа по смртта на неговата сопруга Ивана и нивната ќерка по пад од балкон во општина Карпош.
А сега се проверува кои надлежни институции направиле пропусти откако најмалку три физички напади со кои е запознаена јавноста се случиле откако е поднесено барањето за развод.
Еден во декември за кое Центарот за социјални работи Скопје добил допис од МВР и за кое имало и сведоци.
Вториот додека Ивана била хоспитализирана на клиниката за дигестивна хриругија и третиот на трагичниот ден за кој има и видео запис.
