Вести Најважни Свет

Хегсет: Нападите врз Иран допрва ќе се интензивираат

Соединетите американски држави и Израел продолжија со брановите напади врз Иран, и особено престолнината на исламската република, Техеран.

Речиси цела недела, откако започнаа нападите, во земјата пристапот до интернетот е блокиран а максимално отежнати се и телекомуникациите.

Малкуте информации кои успеваат да се пробијат преку блокадите зборуваат дека воздушните напади претходната ноќ биле најинтензивните до сега. Сепак, Вашингтон најавува дека тие допрва дополнително ќе се интензивираат.

  • „Обемот на огнена моќ над Иран и над Техеран драматично ќе се зголеми, и една од причините е затоа што ќе имаме повеќе бази, не само британски, туку и други наши пријатели се приклучуваат и ние сме благодарни за тоа“ – Пит Хегсет – Министер за одбрана на САД.

Иран, од своја страна продолжува со нападите врз заливските држави и Израел, иако со далеку посмален интензитет за разлика од првите денови на војната.

На сличен начин се одвиваше и минатогодишниот ирански одговор за време на 12-дневната војна со Израел, во која подоцна се вклучи и САД.

  • „Претседателот ни даде друга задача, да ја срамниме со земја иранската индустрија за балистички ракети. Значи, нема да ги напаѓаме само нивните залихи, туку ќе ги уништиме нивните капацитети повторно да ги изградат. Како што преминуваме во следната фаза на оваа операција, методично ќе ги размонтираме иранските капацитети за производство на ракети во иднина, и тоа апсолутно е во тек“ – Адмирал Бред Купер – Централна команда на американската армија.

Во меѓувреме, американскиот претседател продолжува да тврди дека Иранците бараат враќање на преговарачката маса, на подбивен начин тврдејќи дека сега е предоцна. Претставници на Техеран негираат дека воопшто било испратено такво барање.

  • „Иран не побара од САД, ниту пак од претседателот Трамп, да се вратат на преговарачката маса. Како што реков, не очекуваме и немаме доверба во Трамп. Како е возможно без меѓусебна доверба меѓу страните да побараме да се вратат на преговорите? Мислам дека не може. Нема такво барање од Иран“ – Моџтаба Фердуси Пур – Ирански амбасадор во Египет.

Покрај врз Иран, Израел ги интензивираше и нападите врз Хезболах во Либан, извршувајќи серија воздушни напади во Бејрут, откако претходно неговите војници е судрија со борци на милитантната организација финансирана од Техеран во планините долж границата меѓу Либан и Израел.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе