Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да учествува во изборот на нов Ајатолах на Иран по убиството на досегашниот Врховен лидер Али Хамнеи во воздушната воена кампања на САД и Израел. Ирански официјални претставници најавуваат дека се наскоро ќе следува објава на наследникот на Али Хамнеи, пришто неговиот син Моџтаб Хамнеи се смета за најсериозен кандидат.
„Тие губат време. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев и со Делси Родригез во Венецуела“, одговори Трамп, коментирајќи ги таквите наводи.
Тој додаде дека нема да прифати нов ирански водач кој би ја продолжил политиката на Али Ахмени, бидејќи тоа, како што рече, „ќеги присили САД повторно да војуваат за пет години“.
„Синот на Хамнеи за мене е неприфатлив. Сакаме некој кој ќе донесе рамнотежа и мир во Иран“, истакна Трамп.
