Вести Свет

Трамп ја разреши шефицата на одделот за внатрешна безбедност, Кристи Ноем

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот профил на Truth Social соопшти дека ќе ја отстрани секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем од нејзината функција и ќе го номинира сенаторот од Оклахома, Марквејн Малин, како нејзина замена.

Ноем, која беше назначена од Трамп да го води Одделот за внатрешна безбедност на почетокот на неговата администрација, се соочува со зголемен надзор и критики за нејзиното однесување на функцијата.

Тоа вклучува наводна романтична врска со нејзиниот главен советник, распределба на големите средства што ги добил одделот — особено за рекламна кампања во која таа лично беше промовиран — како и нејзините контрадикторни изјави за смртоносните инциденти во кои беа вмешани федерални имиграциски агенти.

Според одредени информации на американските медиуми, Трамп бил особено лут поради нејзината изјава, која тој ја негира, дека претседателот знаел за скапата рекламна кампања на Одделот за внатрешна безбедност во која таа е во центарот на вниманието.

Трамп во разговори со некои републикански пратеници посочил дека е отворен за нејзина замена и спомнал имиња на различни членови на Конгресот како можни кандидати, изјавиле извори за Сиенен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе