Вести Македонија

Пелагониските млекопроизводители без субвенции, најавуваат протести

Пелагониските млекопроизводители се револтирани бидејќи државата се уште не им ги исплатила ланските субвенции. Дел од нив добиле пари само за два или три месеци од 2025 година, додека субвенциите по грло добиток воопшто не се исплатени. Во исто време, намалена им е и откупната цена на млекото, поради што се соочуваат со сериозни финансиски проблеми.

-Субвенциите доцнат, а млекото од 36 денари за литар падна на 24 до 30 денари. Тоа е катастрофа. Јуниците треба да ги чуваме за приплод, а ние ги продаваме за месо, вели Валер Јусеновски, сточар.

 

-Сега најмногу ни требаат пари и за ѓубре и за садење, а пари немаме скоро за цела година. Кај некои пуштија за два месеца, кај некои за три, вели Мевљудин Ќулафовски. 

Сточарот Тони Петковски, претседател на здружението „Пелагониско поле“, вели дека се чувствува изманипулиран бидејќи им верувал на ветувањата на министерот Трипуновски за исплата на субвенциите и ја поддржал програмата за 2026 година, и покрај намалените средства и новите услови, поради што бил критикуван од членството.

-Бевме на шест состаноци на кои преговаравме. Јас бев излажан. Како што бев излажан јас, така ги излажав сточарите низ целата држава, вели Тони Петковски, млекопроизводител и претседател на здружението „Пелагониско поле“. 

Сточарите бараат итна исплата на субвенциите и најавуваат протести. Од Министерството за земјоделство денеска не добивме одговор, но министерот Трипуновски   денвиве во изјави за медиумите  најави дека по лозарите и овоштарите, млекопроизводителите се следни за исплата на субвенциите за вториот квартал од 2025 година.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе