Вести Најважни Свет

Хаменеи е убиен – расте ризикот од поширока војна

Иранскиот врховен лидер Ајатолах Али Хаменеи е убиен во голем воздушен напад изведен од Израел и САД, потврдија иранските државни медиуми. Според официјалните информации, 86-годишниот лидер загинал во бомбардирање насочено кон неговиот комплекс во центарот на Техеран. Сателитски снимки објавени по нападот покажуваат значителни оштетувања на локацијата.

Во акцијата која Америка ја нарече „Епски гнев“ загинаа и високи команданти на Иранската Револуционерна гарда и врвни безбедносни советници на починатиот врховен лидер објавија иранските државни медиуми. Меѓу убиените е генералот-мајор Мохамад Пакпур, кој го презеде командувањето со Револуционерната гарда.

– Им кажувам на Трамп и Нетанјаху, на овие двајца гнасни криминалци и на нивните агенти, многу отворено и транспарентно: ја преминавте нашата црвена линија и мора да ја платите цената, изјави Мохамед Багер Калибаф, претседател на иранскиот парламент.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел бидејќи доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена.

Израелската војска соопшти дека во нејзините напади врз Иран убиени се 40 високи ирански воени офицери, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот, Абдолрахим Мусави.

– Сериозно го нападнавме режимот, командните и контролните цели и неговите воздушно-одбранбени низи и ракетниот низ. Имаме добри достигнувања и уште многу цели пред нас. Во првиот удар на операцијата, Израелските одбранбени сили елиминираа 40 команданти и високи функционери од иранскиот режим за една минута, изјави Бриг. генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.

Илјадници демонстранти во индискиот дел на Кашмир излегоа на улиците по убиството на иранскиот врховен лидер, Ајатолах Али Хамнеи.

– (Хамнеи) беше наш сакан водач. Тој беше предаден од неговите и владејачките кралски семејства на Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин. Тој беше маченички убиен неправедно и безмилосно. Тој беше водач на целата муслиманска нација, изјави Али Мухамед, демонстрант.

Меѓувреме најмалку шест лица загинаа во судири со полицијата во Карачи, откако стотици демонстранти упаднаа во американскиот конзулат.

Поддржувачи на поранешниот ирански престолонаследник Реза Пахлави пак се собраа пред иранската амбасада во Токио, носејќи знамиња и извикувајќи „Да живее кралот“.

– Сакаме да воспоставиме влада врз основа на слободни и фер избори и да ги обновиме односите со светот, изјави Бехзад Абдолахи, Иранец кој живее во Јапонија веќе 20 години.

Во отсуство на брз избор на нов Врховен лидер и јасна транзиција на власта, Исламската револуционерна гарда, моќната паравоена формација, која и без тоа контролира голем дел од економскиот и социјален апсект од иранскиот живот, може да ги открие своите амбиции.

Нејзиното евентуално преземање на власта ќе значи трансформација во еден хибриден режим предводен од воени религиозни фанатици, кои најверојатно ќе ја продолжат репресијата врз иранското цивилно население.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе