Вести Македонија Најважни

(Видео) АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти денеска Агенцијата.

Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

Кај девет оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај два оператора најдена била и храна со непознато потекло.

Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, наведуваат од АХВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе