Вести Свет

Арагчи: Американската воена моќ не нѐ плаши

Само два дена по првата средба меѓу претставниците на САД и Иран во Оман, од двата табора продолжуваат да пристигнуваат различни оценки за тоа кој ги побарал преговорите и за што се преговара. По минатогодишната 12 дневна војна меѓу Израел и Иран, во која интервенираше и САД бомбардирајќи ги трите главни ирански нуклеарни постројки, Вашингтон продолжи да го зголемува притисокот врз режимот во Техеран, да се согласи на сериозни отстапки.

Од минатата есен, покрај економските санкции кои по една деценија од воведувањето речиси и да ја осакатија иранската економија, Вашингтон значително го зголеми своето воено присуство во регионот порачувајќи му на Техеран дека е подготвен и на воена, наместо дипломатска резолуција.

Во контекст на таа порака може да се сфати и учеството во преговорите во Оман на адмиралот Бред Купер, шефот на американската Централна команда.

Но, иранскиот режим останува пркосен, и покрај тоа што комбинацијата од економски и воен притисок ги извади Иранците на улица на масовни протести, кои Техеран брутално ги задуши.

Тие што на третиот ден од војната ги објавија двете збора „безусловна капитулација“, сигурно сте го виделе тоа, на 12 ден од војната ни испратија порака барајќи „безусловно примирје“. Зошто? Бидејќи ние не се плашиме од војна и се боревме. Нивните воени формации во регионот не нѐ плашат. Ние сме дипломати, но ние сме и воини исто така, порача министерот за надворешни работи на исламската република, абас арагчи.

Меѓународните организации, собирајќи ги малкуте достапни информации од протестите, затоа што режимот го исклучи телекомуникациските услуги за да го скрие опсегот на силата која ја употреби против демонстрантите, успеаја да ја потврдат смртта на 6.854 лица. Но, се стравува дека вистинскиот број е далеку поголем.

Гидеон Саар – Министер за надворешни работи на Израел

Иранскиот режим го убива сопствениот народ, го дестабилизира целиот Блиски Исток, шири терор и на други континенти, вклучувајќи ја и Латинска Америка. Обидот на најекстремниот режим на светот да го добие најопасното оружје на светот, нуклеарното оружје, е јасна опасност за мирот во регионот и во светот, рече израелскиот министер за надворешни работи гидеон саар.

Независно каков ќе биде исходот од преговорите меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма, и остатокот од спорните ирански воени и дипломатски програми, тоа сепак ќе биде мала утеха за стотиците илјади Иранци кои сонуваат за демократија и слобода, кои овој технократски режим ги гледа како егзистенцијална закана по неговиот опстанок.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за 2-годишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе