Вести Македонија Најважни

Занаетчиите бараат зголемување на минималецот според закон

Шестотини евра минимална плата ќе стави клуч на многу дуќани, бидејќи нема да може да плаќаат придонеси и да исплаќаат плата, тврдат од занаетчиската комора. За занаетчиите во моментов единствено добро решение е она зад кое стојат работодавачите, КСС и Владата а тоа е мартовската минимална плата да се зголеми согласно законското решение, односно за околу 1.600 денари.

Од Комората велат дека во помалите градови ќе има поголем удар поради малиот број на жители и иселувањето, а најголем проблем ќе имаат суфицитарните занаети кои се во исчезнување, како и оние повеќе вработени, бидејќи ќе ги покачат цените на услугите и ќе отпуштат вработени.

Според официјалните податоци, во Скопје има повеќе од 3.200 занаетчии во регистар, додека во државата околу 8.000 главно од услужни дејности како пекари, козметичари, фризери, електричари, плочкари, водоводџии.

Од Комората истакнуваат дека има недостаток на кадар во сите сектори кој полека се надополнува поради се поголемиот број на ученици запишани во стручните средни училишта и дуалното образование.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе