Премиерот Христијан Мицкоски очекува набрзо да има разрешница и земјоделците да ги добијат парите што во моментно се стопирани поради скандалот со злоупотреби на ИПАРД програмата. По апсењата во ноември, беше стопирана исплатата на средствата.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во понеделникот поднесе обвинение против девет лица и една фирма, по големиот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, откако директорот Илија Стоилев и неколкумина службеници се притворени за поткуп од околу 50.000 евра.
