Вести Македонија

Клековски: Онколошките пациенти нема да останат без терапија

Се следи состојбата во континуитет и онколошките пациенти нема да останат без терапија и покрај тоа што буџетот на Клиниката за радиотерапија и онкологија е ист како лани, смирува првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски.

„Ние знаеме дека од вкупно 80 лекови кои се достапни, четири се недостапни подолг период поради една или друга причина. Тоа се поевтините цитостатици за кои генерално нема интерес од дистрибутерите да ги носат во земјата. Се прават анализи и во Онкологија и во Фондот до каде е потрошувачката на лекови, од оние што се одобрени од поскапите лекови, секако ќе се реагира навремено“, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Во меѓувреме е укажано на сите установи каде се третираат онколошки пациенти дека е крајно време да се обноват водичите за лекување кои не се променети од 2008 година. Во консултации е вклучен и ПЕТ центарот каде е значително зголемен бројот на снимки за соодветно да се следи употребата и ефикасноста на терапијата.

„Ќе работиме напорно да се обезбеди втор ПЕТ скен, за да стасаме до бројката од 5.500-6.000 годишно, што сметаме дека е доволен број на ПЕТ скенови за да се следи ефикасноста на употребата на терапијата кај пациентите“, додаде Клековски. 

Здравствениот систем и натаму се соочува со недостиг на патолози вон Скопје. На два обновени огласи за пет патолози не се пријавил ниту еден кандидат. Сепак, и покрај ваквите ограничувања со кадарот, во 2025 година во земјава се направени над 20.000 хистопатолошки анализи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе