Вести Економија Топ вести

Финансиски хаос – за три месеци долгот на јавниот сектор пораснал за над 60 милиони евра

За само три месеци за над 60 милиони евра се зголемил долгот на јавните, државните претпријатија министерствата, општините. Според последниот извештај на Министерството за финансии, 2025 година ја завршиле со доспеан, а неплатен долг од над 660 милиони евра.

На врвот на листата со најмногу пари кои треба да ги враќаат се железничките претпријатија –  МЖ Инфраструктура и Транспорт кои наталожиле долг од над 80 милиони евра и за само еден квартал го зголемиле од два до 10 милиони евра.

Трети на листата се ЕСМ, потоа една од фирмите за парно на Електрани – Дистрибуција на топлинска енергија, потоа „Водовод и канализација“, ЈСП, но и Службата за општи заеднички работи на Клинички која, пак, веќе извесен период бара начин како да го плати долгот за струја што го има кон Електрани чија финансиска состојба одамна не е најдобра.

На долгиот список за долгови се, речиси, сите општини, министерства, клиники, училишта, универзитети и друго. Должат по разни основи, за плати, за комунални, за договорни услуги, за поправки, за камати за кредити, за купување мебел, за опрема, за машини, за возила.

Долгот, пак, на општините во последниот квартал лани стигнал 90,5 милиони евра и за три месеци скокнал за над 20 милиони евра.

Досепаниот, а неплатен долг, пак, на општинските јавни претпријатија надминува 100 милиони евра.

Познавачите неодамна искоментираа дека бројки и листата на должници треба сериозно да нè загрижат и дека ваквата состојба на државните, јавните претпријатија, општините, министерствата, не е поради незнаење, туку поради злоупотреби.

Кон крајот на минатата година, кога почна и расправата на буџетот, од Фискалниот совет искоментираа дека ако во јавниот долг се пресметаат и овие доспеани, а неплатени, долгови на институциите, тој ќе биде повисок од 62 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе