Германскиот канцелар Фридрих Мерц не гледа можност за брзо приклучување на Украина во Европската Унија (ЕУ).
„Придружување од 1 јануари во 2027 година не доаѓа предвид. Тоа е невозможно“, порача Мерц по консултациите со највисоки претставници на коалициската СПД во Берлин.
Тој порача дека секоја земја која сака да се приклучи на ЕУ, мора да ги исполни т.н. Копенхагенски критериуми, процес што обично трае неколку години.
Мерц нагласи оти е важно што Украина има перспектива што би отворила пат кон членство во ЕУ, но предупреди дека тоа е долгорочен процес.
„Можеме постепено да ја приближуваме Украина кон Европската Унија. Тоа е секогаш можно, но толку брзо приклучување е невозможно“, нагласи германскиот канцелар.
С.Д.
