Транспортерите остануваат на границата со Грција. Упорни се и веруваат дека преку блокадите ќе се слушне нивниот глас заедно со колегите од други земји засегнати од одлуката на Европската Унија.

Втор ден протест на македонските транспортери на граничниот премин Богородица. Од синоќа од 19.00 часот затворен е и преминот за влез во државата.
Вчера беше затворен преминот само за излез. Овие блокади треба да останат во текот на седум дена.
За транспортните компании повисоки трошоци, за возачите несигурност и неодржлива работа. Стравот на работниците е дека доколку нема промени, длабоко ќе биде погоден овој сектор.
Во Југоистокот на земјата блокади има на трите гранични премини. Со Грција на Богордица и Дојран, а кон Бугарија на Ново Село.
Сузана Мицева
Б.С.
