Вести Економија Најважни Свет

Трамп најави дека 100% ќе ги спроведе заканите и ќе воведе тарифи поради Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „100%“ ќе ги спроведе заканите за воведување тарифи кон европските земји кои се спротивставуваат на неговото барање САД да преземат контрола врз Гренланд.

Тој најави царини од 10% за стоки од Велика Британија и уште седум НАТО-сојузници од 1 февруари, со можност тие да пораснат на 25% од 1 јуни, доколку не се постигне договор.

Европските сојузници застанаа зад суверенитетот на Гренланд, кој е дел од Кралството Данска. Данскиот министер за надворешни работи порача дека „не може со закани да се дојде до сопственост“, додека шефицата на европската дипломатија Каја Калас истакна дека ЕУ „нема интерес да започне конфликт, но ќе го брани својот став“ и дека суверенитетот „не е предмет на трговија“.

Меѓувреме, НАТО соопшти дека продолжува соработката со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот, а ЕУ најави итен самит во Брисел за да се разгледа одговорот на најновите закани од Трамп.

Од Данска предупредија дека евентуална американска воена акција во Гренланд би значела крај за НАТО, додека Вашингтон тврди дека сегашните воени активности во регионот се рутински и однапред координирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе