Вести Економија

Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС  95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 72,50 денари, на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65 денари, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,042 денари за килограм и ќе изнесува 33,649 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов.

Стари цени Нови цени  
  Од 23.12.2025 Од 30.12.2025  
       
Дериват ден/лит ден/лит  
       
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 70,00 70,50  
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 72,00 72,50  
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 64,50 65,00  
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 63,50 64,00  
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 65,50 66,00  
       
МЕТАН 56,00 ден/кг 56,00 ден/кг  
АВТОПЛИН 46,50 ден/кг 46,50 ден/кг  
МАЗУТ 32,607 ден/кг 33,649 ден/кг  
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе